Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски избра офанзивна формација за дуелот со Бугарија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација денеска ја отвора новата сезона во Лигата на нации, а наш прв противник ќе биде соседна Бугарија.

Селекторот Благоја Милевски ги одреди единаесетте фудбалери кои ќе го започнат натпреварот во Разград, а во составот настапуваат голем број офанзивни фудбалери.

На голот очекувано е Димитриевски, а пред него ќе бидат Алиоски, Муслиу, Велковски, Чурлинов, Елмас, Барди, Ашковски и Спировски додека во нападот се Трајковски и Ристовски.

Бугарската репрезентација ќе стартува во состав: Михајлов, Турицов, А.Христов, П.Христов, Недјалков, Миланов, Крастев, Чочев, Неделев, Десподов и Илиев.

Натпреварот започнува од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни