Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Имавме само еден проблем со Исланд, ќе бидеме подготвени за Романија

Објавено

на

Пред македонската сениорска репрезентација е последниот натпревар во овој септемвриски квалификациски циклус за Светското првенство и тоа против Романија која ќе ја дочекаме утре од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова е трет дуел во низа за двете селекции во краток период, Македонија освои два бода во дуелите против Ерменија и Исланд, додека пак Романците триумфираа против Исланд и Лихтенштајн. Со ова се променија работите во нашата група и сега Романија е пред нас, па затоа желбата и целта на „црвено-жолтите“ е на одиграат квалитетно и дојдат до три бода кои дефинитивно се исклучително важни во борбата за втората позиција на табелата.

-Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Ама ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место.

– Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Јас сум задоволен од начинот на кој ги одигравме двата натпревевари. Со само два-три тренинзи сите тактички задолженија ги одработија на одличен начин и ова е правецот кон кој треба да се движиме и во иднина.

– Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа.

– Натпреварот со Романија ќе биде исто така во висок ритам, напорно е да се издржат три натпревари во краток период, но јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум и ќе бидеме подготвени за утрешниот меч. Важно е дека сите се здрави и сите конкурираат за место во тимот. Се надевам дека така ќе биде и по официјалниот тренинг, -истакна селекторот Благоја Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни