Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски: Имавме само еден проблем против Фарски Острови, сигурен сум дека утре ќе одиграме победнички

Објавено

на

Македонија одигра 1:1 против Фарски Острови во Торшавн и на непосакуван начин ја стартуваше новата сезона во Лигата на нации, натпреварување кое сега го продолжуваме со дуел против Ерменија.

Нашиот најсилен национален тим утре на домашен терен ќе ја пречека Ерменија и ќе мора да тргне по три бода, а тоа го најави и селекторот Благоја Милевски кој е убеден во подобар расплет од оној пред два дена.

– Јас добро ги познавам моите фудбалери и знам дека се подготвени за секој нов предизвик. Ментално не е сменето ништо, ќе смениме нешто тактички за утрешниот меч. Разочарани сме од резултатот со Фарски Острови, но токму дуелите со Ерменија ќе одлучат кој ќе биде прв во оваа група.

– Фарски Острови ги оставаме зад нас, сега сите мисли се насочени кон утре. Во Торшавн демонстриравме одминација на теренот и покажавме дека сме подобри, единствен проблем ни беше реализацијата. Во вакви услови, притисокот секогаш е уште поголем, но овие момци знаат како да се носат со тоа.

– Убеден сум дека ова е најдоброто од Македонија во овој момент. Ако гледаме само натпреварувачка форма, тогаш ќе останеме без 70 посто од тимот во репрезентацијата. Јас ги познавам индивидуално, знам дека секој од нив дава максимум кога настапува за Македонија, дури и повеќе од тоа. Никогаш не била важна нивната клупска форма, секогаш давале повеќе за репрезентацијата. Македонија секогаш игра под голем притисок поради големите очекувања во јавноста, но овие момци знаат да се носат со притисок. Сигурен сум дека утре ќе одиграме победнички, – изјави Милевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија во второто коло во Лигата на нации се игра утре во 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни