Репрезентација
Милевски: Имаме одлична основа, задоволен сум од желбата, ентузијазмот и енергијата!

Македонската репрезентација избори победа над Фарски Острови (1-0) на дуелот кој се одигра во Скопје и на тој начин овој „прозорец“ го заврши со два триумфи со оглед на тоа што претходно славевме над Малта (2-1).
Бојан Миовски беше човек на одлука на вечерашниот меч и тоа со погодокот во 81 минута. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од прикажаното, залагањето на играчите, односно смета дека ова е добра подлога за тоа што не очекува во месец јуни (пресметки со Украина и Англија).
-Најважно на овој меч ми беше да го видам менталниот и психолошкиот момент, да бидам сигурен дали одиме во таа насока како што сум го замислил тимот. Кога ќе подвлечеме црта, задоволен сум од пристапот, желбата, ентузијазмот и енергијата. Во овој момент ми е тоа најважно како одлична основа и подлога за тоа што ни следи во јуни, -истакна Милевски кој не сака да прави споредби на оваа со селекцијата пред една година.
– Не можеме да извлекуваме некои паралели на она што било пред една година. И моменталната ситуација која ја имаат голем дел на фудбалери, не наликува на ситуацијата која ја имаа пред една година. Не можеме да споредуваме, но по она што го видов на овие два натпревари, сигурен сум дека реализацијата ќе дојде. Без разлика дали е Малта, Фарски Острови или она што ни следува во јуни, пристапот и подготовката мора да ни биде иста, без разлика дали е квалификациски и пријателски. Таа енергија што ја имаме мора да ја сочуваме и да продолжиме да се подготвуваме, а сите што добиваат шанса имаат потенцијал и ни треба малку трпение со нив, но секоја шанса ја искористуваат. Тоа е плус за мене зашто знам дека имам повеќе опции и на клупа и задоволен сум од тоа што располагаме, -порача нашиот предводник.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)