Поврзете се со нас

Европски првенства

Милевски: Имаме многу промени во составот, но ќе одиграме максимално ангажирано

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година во вторник ќе ги заокружат квалификациите за Европското првенство, со дуел против Црна Гора на домашен терен.

Нашата селекција ја има фаворитската улога бидејќи победи и на гостувањето со овој противник, но селекторот Благоја Милевски се соочи со проблем околу составот, откако повеќе стандардни фудбалери не се во комбинација за оваа средба.

За разлика од претходниот дуел со Израел, во составот ќе ги нема Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу, а дополнително се повикани Виктор Крстевски од Вардар, Енсар Љума од Шкендија, Ване Јованов од Академија Пандев и Славе Маркоски од Септември Софија.

– Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни и дојдоа на некој начин шокантно за сите нас, сепак, ние сме репрезентација која е подготвена да се носи со сите работи.

– Посакувам здравје, во овој момент тоа е најважно. Јас можам да ветам дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план, – изјави Милевски во пресрет на дуелот кој се игра од 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни