Репрезентација
Милевски: Играчите се уморни, ама покажаа ангажираност, професионален пристап и голем ентузијазам

Македонската репрезентација веќе ги одработува подготовките за двата предизвици во јунскиот „прозорец“, битките со Украина (16. јуни, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, Олд Трафорд, Манчестер) во квалификаиците за Европското првенство во 2024 година.
Нашиот нацинален тим не е комплетен затоа што дел од играчите се уште имаат обврски (Дени Илиев, Езѓан Алиоски, Јован Манев, Енис Барди, Аријан Адеми и Илија Несторовски), но останатите работат под будното око на селекторот Благоја Милевски кој е задоволен од тоа што го гледа кај фудбалерит.
-Повеќето од фудбалерите се собраа, очекуваме и останатите да ни се придружат во следните три дена, на 12. јуни треба да бидеме комплетни на тренинг откако ќе пристигнат Алиоски, Адеми и Илиев. Исклучително сум задоволен од оваа фаза на подготовки. Фудалерите, иако уморни од сезоната во клубовите, покажаа ангажираност, професионален пристап и голем ентузијазам.
-Се обидовме да постигнеме одреден баланс со однос на физичката исцрпеност и енергијата која ќе ни треба за следната фаза подготовки и натпреварите кои не очекуваат. Акцентот сега го ставивме на физичката подготвеност, а веќе од 10. јуни се насочуваме на техничко-тактичка анализа и тоа ќе биде фокусот на тренинзите.
-Украинците ќе ги предводи нов селектор, кој ќе го промени системот на игра, но ние веќе навикнавме на промени кои во најмала рака ни ја отежнуваат работата во однос на подготовка на натпреварите. Таков беше случајот и пред мечот со Малта.
-Но, за нас е најважно да бидеме силни на тренинзите кои ни следуваат и целосно да се вложиме и тактички и физички. Иако е крај од сезоната, сигурен сум дека фудбалерите имаат мотив и енергија за уште два силни натпревари, -порача Милевски.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…