Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Играчите имаат проблеми со клубовите, не сум задоволен од тактичката дисциплина!

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација не направи изненадување и загуби од Хрватска со 3-0 на соочувањето во Ријека.

Домаќините иако играа со комбиниран тим покажаа дека се поквалитетни, подобри од нашите фудбалери, па селекторот Благоја Милевски спортски му ја честата победата на противникот, но воедно ги посочи и нашите проблеми.

-Честитки до Хрватска за играта, победата. Покажа дека е далеку подобра репрезентација од нас иако нив имавме три-четири одлични моменти во првото полувреме, за жал ако не реализираш против ваква екипа следи казна. Во секој случај одиме понатаму,  имаме време до септември да ги отстраниме аномалиите кои се појавуваат во нашата игра, но пред се се надевам дека играчите кои имаат проблем со минутажата со клубовите тоа ќе го решат и ќе бидат многу поконкуретни и во репрезентацијата.

-Не сум задоволен од тактичката дисциплина и во поголемиот дел од натпреварот од физичката подготвеност на дел од нашите играчите. Но тоа е резултатот на проблемите кои ги носат од своите клубови. Ова е одлична прилика да видиме од повеќе аспекти до каде сме и на што треба да работиме за да бидеме на повисоко ниво и во иднина, -порача Милевски.

Следниот контролен меч го играме против Чешка во Храдец Кралове.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни