Лига на нации
Милевски: Групата е тешка, денешниот фудбал признава само еден пристап

Македонската фудбалска репрезентација оваа вечер ги дозна своите три ривали во третото издание на Лигата на нации, а иако истите не изгледаат премногу комплицирано на хартија, селекторот Благоја Милевски е максимално претпазлив.
Лидерот на националниот тим својот најтежок испит ќе го има во месец март кога се игра баражот на Светското првенство, па потоа во јуни и септември ќе ги игра натпреварите против Бугарија, Грузија и Гибралтар.
– Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Не очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период.
– Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група.
– Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап. Се што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари.
-
Шпанијапред 22 часа
Иско испрати јасна забелешка до Зидан и Анчелоти на промоцијата во новиот клуб во Ла Лига
-
Италијапред 17 часа
Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)
-
АТПпред 17 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Шпанијапред 19 часа
Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)
-
Италијапред 21 час
Бесен италијански репрезентативец тргна да се тепа со навивач на Сасуоло (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 12 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Германијапред 18 часа
Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати