Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски го скрои списокот за Летонија и Ерменија, има две освежувања во националниот тим (ФОТО)

Објавено

на

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Благоја Милевски го скрои списокот на играчи на кои ќе смета за престојните мечеви со Летонија и Ерменија во рамките на третото и четвртото коло во Лигата на нации.

Двете средби на 10 и 13 октомври ги играме на гостински терен во Рига и Ереван, натпревари за кои Милевски повика 25 фудбалери.

Нема некои поголеми изненадувања, односно имаме две освежувања и тоа од младата селекција, фудбалери од офанзивната и дефанзивната линија. Тука е Марио Илиевски кој и во претходниот собир доби шанса, дополнителен повик по откажувањето на неколку играчи поради повреди, додека како нов ас е стоперот на Жилина, Андреј Стојчевски.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни