Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски го промени голманот и целата дефанзивна линија: Ова е почетниот состав за мечот со Гибралтар (ФОТО)

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја очекува завршниот предизвик во овој напорен јунски период од Лигата на нации во кои на програмата беа четири натпревари.

Останува само уште битката против Гибралтар закажана за 18 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, средба за која селекторот Благоја Милевски се одлучи доста да ги измеша картите.

Имаме целносно нова дефанзивна линија и нов голман во името на Дамјан Шишковски. Пред него ќе бидат Тодороски, Серафимов, Зајков и Кире Ристевски.

Средината треба да ја покријат Барди, Елмас и Николов, додека пак во нападот интересно ќе го видиме Алиоски заедно со Чурлинов и Миоски.

Само за потсетување првата средба против овој противник ја добивме со 2-0 со головите на Барди и Николов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни