Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски го одреди почетниот состав, Илиевски дебитира за Македонија (ФОТО)

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација ќе ги одмери силите со Фарски Острови во последниот меч од новото издание на Лигата на нации, средба закажана за 15 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, меч за кој селекторот Благоја Милевски го одреди почетниот состав.

Најголемо „изненадување“ е внесувањето на Бојан Илиевски на десната бековска позиција, поточно членот на Струга Трим Љум ќе дебитира за нашата сениорска селекција.

Обични Милевски на таа страна ги користеше Димоски и Ашковски кои не се десни бекови, па сега по подолго време ќе имаме играч на кого ова му е природна позиција.

На голот ќе биде стандардниот Димитриевски, додека пред него покрај Илиевски ќе бидат Зајков, Серафимов и Ашковски.

Капитенот Барди најголема помош ќе има од Атанасов и Алими, најистурени пак ќе бидат Миовски, Трајковски и Чурлинов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни