Репрезентација
Милевски: Го имам стартниот тим во главата, нашата цел е јасна!

Македонија утре го започнува циклусот на квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Првиот ривал ни е селекцијата на Лихтенштајн која не пречекува утре од 15 часот во Вадуц. Лихтенштајн е репрезентација која двапати ја совладавме во претходните мундијалски квалификации со 5-0 и 4-0 и целта е јасна, целта е единствена да ги освоиме три бода.
–Максимално се подготвуваме за натпреварот. Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание.
-Ме радува што фудбалерите играат во своите клубови, имавме доста проблеми минатата година со неиграњето на репрезентативците во клубовите. Но, тие секогаш даваа максимум кога играа за селекцијата. Верувам дека сега ќе биде само подобро. За да победите мора сите линии да се на високо ниво, сите фудбалери се битни и нашиот фокус е да функционираме до максимум. Неколку фудбалери не можат да ни помогнат заради повреда, го имам стартниот тим во главата и верувам дека сите ќе бидат здрави по последниот тренинг. Имаме максимален респект и убеден сум во максимален пристап-порача селекторот Благоја Милевски.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар