Поврзете се со нас

Балкан

Милевски главен кандидат за клупата на Црвена Звезда

Објавено

на

Медиумите во Србија пренесуваат помалку сензационална вест поврзана со нашиот репрезентативен селектор, Благоја Милевски.

Милевски беше на чекор до огромен успех со репрезентацијата на Македонија, но за жал само Португалија се испречи на патот кон пласман на Мундијалот во Катар кој ќе се игра во декември оваа година.

Сега селекторот на репрезентацијата се поврзува со премин во Црвена Звезда, клуб кој се уште не е на чисто со тоа дали Дејан Станковиќ ќе остане на нивната клупа и по крајот на оваа сезона.

За Станковиќ има сериозен интерес од неколку италијански клубови кои сакаат да го ангажираат во своите редови, со што би се ослободило место за нов тренер во „црвено белиот“ тим.

Наследник на Станковиќ би можел да биде Благоја Милевски кој во минатото го носел дресот на клубот од Белград и кој во изјава пред натпреварот со Португалија најави дека би сакал еден ден да работи на „Рајко Митиќ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни