Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски ги собра репрезентативците и го одржа првиот тренинг пред двата сериозни теста (Фото)

Објавено

на

Најсилната фудбалска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир и Благоја Милевски ги пречека играчите кои ги повика за предизвиците во месец јуни, со напомена дека дел од репрезентативците кои имаа обврски изминатиов викенд, ќе се приклучат на тимот во текот на утрешниот ден.

Македонскиот селектор денеска одржа и полесен тренинг на кој ги немаше Димитриевски, Барди, Велковски, Шишковски, Зајков, Трајковски и Ашковски, но останатите ги „запалија мотирите“ и ја почнаа мисијата за двате тешки теста кои следат.

Македонија оваа година нема да биде дел од Европското првенство, но затоа двете контролки ќе бидат против селекции кои ќе бидат дел од континенталниот турнир во Германија.

Македонија на 3-ти јуни ќе ги одмери силите со Хрватска во Ријека, а седум дена подоцна ќе тестира и со Чешка во Храдец Кралове.

Покрај релаксираната атмосфера, денешниот ден на репрезентативниот тренинг беше резервиран и за забава, па така дел од фудбалерите играа и тек-бол заедно со селекторот Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни