Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски ги откри адутите за Романија, задоволен од натпреварот со Исланд не ја менува поставата

Објавено

на

На нешто повеќе од еден час до почетокот на натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Романија познати се составите за средбата која ќе се одигра на „Тодор Проески“ арената.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски се реши да не го менува составот со кој ја почна средбата против Исланд во Рејкјавик.

Тој состав играше сосема солидно и донесе водство од 2:0 кое подоцна за жал беше прокоцкано, па од ладната земја се вративме само со еден бод.

На голот е стандардниот Димитриевски, одбраната ја сочинуваат Алиоски, Муслиу, Велковски и Стефан Ристовски. Во средниот ред ќе бидат Елиф Елмас, Стефан Спировски и Енис Барди, додека пак во нападот ќе играат младите Дарко Чурлинов, Милан Ристовски и Тихомир Костадинов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни