Репрезентација
Милевски ги измеша картите, Македонија загуби од Азербејџан

Благоја Милевски ги измеша картите, ја промени тактиката и им даде шанса на неколку други играчи во стартната постава ова попладне против Азербејџан, но овој експеримент не вроди со плод и тоа е добро да се знае пред тешките квалификациски натпревари кои ни следат во 2023-та година.
По ремито со Финска пред три дена, Македонија денеска со видно изменет состав му се спротивстави на Азербејџан, но одигра под посакуваното ниво и загуби со резултат 1:3.
Милевски му даде шанса на Шишковски на голот, лево во одбраната го постави Ашковски на местото на Алиоски, а стартери беа и Давид Бабунски и Дориев на местата на Бејтулаи и Спировски.
Македонија успеа да поведе во првото полувреме со голот на Енис Барди од пенал, што беше заслужено водство на лизагавиот терен на „Тодор Проески“ поради врнежите во Скопје. Упорниот Елиф Елмас се избори за пеналот и му овозможи на Барди да ја донесе Македонија во водство, но после тоа следеше голем пад во концентрацијата и дисциплината на нашите фудбалери, која резултираше со брзо израмнување, а подоцна и пресврт.
Џафаргулијев израмни на 1:1 по една тимска акција која се случуваше во нашиот шеснаесетник, што беше најдобро предупредување за македонските фудбалери, кои не успеаја да се консолидираат. Азербејџан ја презема иницијативата и на стартот на вториот дел, по што следеше црвен картон на Бобан Николов, кој беше клучен за триумфот на гостите.
Гурнабли беше најснаодлив во мешаницата во 65-та минута по еден изведен корнер и се погрижи за пресврт, а иако во последните 15 минути се играше со израмнети сили поради исклучувањето на Хагверди, наместо гол во мрежата на гостите, видовме уштееден во мрежата на Шишковски. Македонија немаше среќа во овој период бидејќи два пати ја гаѓавме гредата преку Атанасов и Барди, па казна стигна од Шејдаев кој ги постави конечните 1:3.
-
АТПпред 22 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Италијапред 21 час
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 23 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок