Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Германија ја почитуваме, но за многу работи ќе се прашува и Македонија

Објавено

на

Македонската А репрезентација го остави зад себе триумфот над Лихтенштајн и сега целиот фокус, внимание е насочено кон утрешната пресметка против Германија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова е дуел кој е исклучително значаен за нас во борбата за баражот за Светското првенство и секој освоен бод може да биде клучен во остварувањето на целта. Германците веќе еднаш ги совладавме во овој циклус и тоа на нивен терен во Дуизбург, меѓутоа ова е нов меч, противникот има нов тренер и дефинитивно ќе сака да се реваншира за тој пораз.

Селекторот Благоја Милевски е свесен за тестот кој не очекува, но во исто време смета дека токму ние ќе се прашуваме за многу работи кога е во прашање резултатот.

-Ќе мора да бидиме на врвно ниво, пред се тактички. Мораме да ги запазиме сите тие тактички работи, ра го респектираме противникот кој е одличен тим, Сепак за многу работи ќе се прашува и Македонија, -порача Милевски.

„Црвено-жолтите“ по 7 одиграни натпревари се на второто место во групата Ј со 12 освоени бодови.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни