Милевски: Целта е остварена, но имаме уште многу работи за поправање

milevski-crna

Македонската репрезентација до 21 година одигра одличен натпревар на тактички план и освои драгоцени три бода на гостувањето во Подгорица, а со победата од 1:2 против Црна Гора, го задржа првото место во квалификациската група за Европското првенство.

Македонските фудбалери направија пресврт пред се благодарение на двата гола кои ги постигна капитенот Јани Атанасов, а позитивна вест е што играта само може да се подобрува и да се подигне нивото на следните натпревари.

– Честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари. Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан, – изјави Благоја Милевски.

Facebook Коментари