Поврзете се со нас

Македонија

Милевски без респект и со офанзивна тактика против „фуријата“, Алења и Пуч се главни ѕвезди на моќната Шпанија (Фото)

Објавено

на

На еден час пред стартот на дуелот во Скопје, Благоја Милевски ја одреди стартната постава за натпреварот против силната Шпанија, селекција која е составена од многу звучни имиња и која треба да ни покаже на кое ниво е нашата младинска репрезентација.

Најуспешниот тренер во историјата на младинскиот фудбал одново се одлучи за офанзивна формација, не отстапувајќи од својата фудбалска филозофија, а во почетните 11 нема големи изненадувања.

За разлика од обично, овојпат во првиот тим го нема Јани Атанасов кој во моментот е без клуб, па лидери во везниот ред ќе бидат Здравковски, Фазлагиќ и Гроздановски.

Во формацијата 4-3-3, дефанзивната линија ја сочинуваат Антовски, Тодоровски, Руфати и Серафимов, додека на голот е Јанков. Македонскиот напад е сочинет од Митровски и Чурлинов кои ќе делуваат како крила, а во центарот на офанзивата е Ристовски.

Денеска, со идентична формација 4-3-3 ќе настапи и Шпанија, а главни ѕвезди во овој нивни состав се Карлос Алења и Рики Пуч од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни