Репрезентација
Милевски: Бевме подготвени за Лихтенштајн во секој поглед, сега ни следи најголемиот предизвик во групата

Благоја Милевски одработи уште една добра „домашна работа“ со анализа на противник како Лихтенштајн, па така најдобриот македонски национален фудбалски тим стигна до шестата победа во низа од месец септември наваму.
Натпреварот во Вадуц тргна во посакуван правец од самиот старт и голот на Трајковски го најави триумфот од 0:3, победа која дава потстрек пред она што следи, односно вториот квалификациски натпревар на домашен терен, оној против Велс во вторник.
– Сакам да испратам честитки до моите фудбалери, посебно поради тоа што играа под многу тешки околности поради ситуацијата во Кочани. И покрај трагедијата, тие смогнаа сили и покажаа карактер на теренот, го приведоа мечот до крај на најдобар можен начин.
– Детално ги анализиравме сите последни седум или осум натпревари на Лихтенштајн, а посебен фокус беше ремито кое го остварија во Букурешт против Романија, бевме максимално подготвени за нив во секој поглед, и тактички и физички. Морам да признаам дека сум фасциниран и од поддршката која ја добивме од сите Македонци кои пристигнаа тука во Вадуц од разни краишта.
– Верувам дека ќе бидеме сите здрави за натпреварот кој се игра во вторник, ни следи еден сосема поинаков натпревар и поинаков тим на противник. Веќе максимално се насочуваме на Велс, тоа ќе ни биде најтешкиот преизвик и најтешкиот натпревар во квалификациите, – најави Милевски.
-
Шпанија14 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија19 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија18 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови7 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони19 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија11 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Шпанија15 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА18 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк