Милевски: Австрија е добро анализирана, можеме да ја победиме

milevski u 21

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре (13 часот) го игра четвртиот меч од квалификациите за Европскота првенство, а противник ни е селекцијата на Австрија која сакаме да падне на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Тоа јасно го посочи селекторот Благоја Милевски кој вели оти неговите избраниците добро се подготвени за да ја запишат првата победа на домашен терен во овој нов циклус.

u 21

– Австрија добро ја анализиравме, се подготвивме и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Натпреварот со Гибралтар е заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Противникот има свои квалитети, ама ние сме фокусирани на нашето издание. Средбата со Австрија може да биде клучна, меѓутоа потоа имаме уште шест натпревари. Основна цел е да се подобри рејтингот и да бидеме конкурентни во квалификациите. Притисок секогаш постои,  треба да научиме да се носиме со истиот без оглед дали е позитивен или негативен, -порача селекторот Милевски.

Facebook Коментари