Милев: Одигравме меч кој долго го очекувавме

milev

Македонија ја совлада Белорусија со 3-1 на Европското првенство, а тоа секако донесе голема радост во нашиот табор со оглед на тоа што ова беше прва исторска победа на оваа сцена.

Ние го одигравме најдобриот натпревар на турнирот, одговорно од самиот почеток до крајот со што покажавме дека оваа селекција може и знае да даде многу повеќе од претходните три меча со Русија, Турција и Финска во салата „Стожице“ во Љубљана.

-Одигравме меч кој долго го очекувавме, концентрирано до последниот поен. Во најважните моменти одигравме како што беше договорено и резултатот дојде, -истакна Владо Милев кој со Белорусите реализираше 11 поени.

Пред нас сега е средбата со домаќинот Словенија кој дефинитивно е голем фаворит, ама Милев верува дека ние ќе имаме што да покажеме против стариот и добар познаник.

-Ние со подобри репрезентации играме подобро, мотивацијата ни е на повисоко ниво. Мислам ќе биде добар натпревар. Со Словенците имаме добро искуство и ако го дадеме максимумот зошто да не очекуваме позитивен резултат, -заклучи Владо.

Facebook Коментари