Поврзете се со нас

Германија

Милер во свој стил за соработката со Кејн: Ние сме двајца…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Томас Милер и Хари Кејн беа стрелци на головите за Баерн Минхен во победата над Лацио, победа од 3-0 со која бундеслигашот успеа да обезбеди место меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

„Баварците“ постигнаа погодоци во вистинско време и со тоа обезбедија важен триумф како за место во наредната фаза така и за зголемување на самодовербата по турбулетниот период.

Милер е познат по тоа дека знае да се шегува, па имаше мало шоу со Кејн по дуелот на „Алијанц Арена“.

-Ние сме двајца играчи со бразилски стил. Секогаш е жога бонито (jogo bonito), -истакна Германецот кој откако доби информација дека Кејн е израмнет со Килијан Мбапе на листата на стрелци кратко порача:

-Треба да продолжи, -рече напаѓачот на што се надоврза Кејн.

-Има уште многу да се игра, -истакна Англичанецот.

-Ајде Хари, потребни ни се уште, уште голови-возврати легендата на Баерн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни