Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер: Требаше да победиме 6:3, никој од ПСЖ……

Објавено

на

Томас Милер беше најактивен играч на Баерн Минхен и го имаше речиси на сите страни на теренот, па не чуди фактот што во последните 10-тина минути беше комплетно истоштен во првиот пораз кој го претрпе европскиот првак во Лигата на шампионите во последните две години.

ПСЖ си осигура фантастични 2:3 во првото четвртфинале кое всушност е реприза на големото финале од минатата година, а тимот на Маурисио Покетино стигна до ваков резултат благодарение на неверојатната ефикасност, како и фудбалската класа која ја поседува Килијан Мбапе.

Баерн Минхен беше жестоко казнет за сите свои промашувања и ако се погледне статистиката тешко е да се поверува како баварците го загубија овој меч, кој е уште еден доказ за тоа колку фудбалот може да биде непредвидлив и интересен.

– Моравме да постигнеме повеќе голови со оглед на шансите кои ги создадовме, ако беше 5:3 или 6:3, никој не требаше да се пожали од нивна страна. Сега го оставивме јајцето во своето гнездо и мора да трчаме и да бараме храна и голови. Мора да бркаме негатива и мора да се помириме со тоа, – изјави Милер за „Скај“ Германија и додаде.

– Ако имавме поголем убиствен инстинкт овојпат, ќе разговаравме за друг натпревар и друг епилог. Не се справивме многу добро со нивните контри, но ПСЖ има голем потенцијал, – додаде искусниот Германец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни