Германија
Милер со мајсторија ја потврди победата и доби посебно место во клупската историја на Баерн (Видео)
Томас Милер денеска влезе од клупата за резервни играчи на дуелот меѓу Баерн Минхен и Фрајбург, а неговиот настап има посебно значење не само за сопствената кариера, туку и во историјата на неговиот клуб.
Ветеранот реализираше на мајсторски начин во 78. минута, зголемувајќи го водството на домаќините на 2:0 и на тој начин потврдувајќи ја победата на Баерн на домашен терен во Бундеслигата.
Она по што денешниот настап е позначаен е фактот што за Милер тоа е 710-ти настап во дресот на Баерн, со што стана нов рекордер и испиша клупска историја.
Милер го надмина легендарниот Сеп Мајер кој со децении беше сопственик на рекордот со 709 настапи за Баерн, а далеку на третото место е Оливер Кан со 632 настапи.
🚨🇩🇪 GOAL | Bayern Munich 2-0 Freiburg | Thomas Muller
THOMAS MULLER DOUBLES THE LEAD!pic.twitter.com/dBDsWX1RZr
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 1, 2024
Претходно, Хари Кејн од пенал донесе почетно водство за Баерн, а Фрајбург не реализираше пенал во судиското надополнување, па тимот на Венсан Компани славеше со 2:0.
-
Лига на шампионипред 11 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 24 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 12 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 23 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 13 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Шпанијапред 11 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Англијапред 23 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……