Поврзете се со нас

Германија

Милер со искрен коментар за трансферот на Хаверц: Парадоксално е да го ангажираме, ако..

Објавено

на

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер даде свој коментар за евентуалното ангажирање на Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Хаверц со своите игри го привлече вниманието на бројни европски клубови, меѓу кои според медиумите е и Баерн Минхен.

За неговите услуги Леверкузен ќе бара сума од сто милиони евра, сума која ќе биде проблем за поголемите заинтересирани клубови.

– Кога бев дел од германската репрезентација, во повеќе наврати имав прилика да го запознам Каи Хаверц. Нема сомнеж дека навистина е добар фудбалер, можеби и најдобар во својата генерација. Име неверојатни вештини, така што секако дека сакам анјдобрите играчи да доаѓаат во Баерн.

– За жал, не сум запознат со финансиската ситуација во клубот. Сепак, можам да кажам дека е малку парадоксално кога се работи за скапи трансфери, а во исто време да се кратат платите на фудбалерите, -дециден беше Милер.

Баерн Минхен полека испаѓа од трката за Хаверц за кого во моментов најзагреани се Реал Мадрид и Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни