Свет
Милер саркастично ги „пофали“ германските фанови за „турската инвазија“ на стадионот во Берлин (Видео)

Германската фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во ерата на Јулијан Нагелсман, а како по обичај, стануваше збор за пријателски натпревар со оглед на тоа што „панцирите“ се одлучија да ги избегнат квалификациите.
Германците темпираат форма преку тест натпревари веќе цела година наназад, во меѓувреме го променија селекторот и почнаа да работат со Нагелсман за Европското првенство на кое ќе бидат домаќини, а вчерашната слика на стадионот во Берлин не остави добра слика за фановите во оваа земја.
Атмосферата на трибините изгледаше како Турција да игра на домашен терен на германско тло, па инвазијата од Турци на трибините не му се допадна многу и на легендарниот Томас Милер кој беше саркастичен со коментарот кој го испрати по натпреварот.
Трите турски гола беа прославени како да се игра меч во Истанбул, па затоа Милер не пропушти шанса да ги „поздрави“ германските навивачи кои дозволиле билетите да завршат кој германските државјани со турско потекло.
– Сценариото не беше најдобро за нас. Игравме дома, а сакавме да им покажеме на навивачите дека навиваат за погрешниот тим и дека го покажуваат погрешното знаме. Уживавме во оваа атмосфера, – саркастично изјавил Милер пред германските новинари.
At the Olympiastadion in Berlin in Germany-Turkey match there are more Turkish flags than German ones. pic.twitter.com/EqSAAgUypy
— RadioGenoa (@RadioGenoa) November 18, 2023
TURKISH DELIGHT 🇹🇷
TURKEY fans have taken over Berlin's Olympiastadion for their friendly vs. Germany. Just listen to the roar & watch the flags come out after Ferdi Kadioglu strikes. 😲
pic.twitter.com/Upv6RpkRkT— Men in Blazers (@MenInBlazers) November 18, 2023
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 15 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 24 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 8 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)