Поврзете се со нас

Германија

Милер распали по соиграчите од Баерн за однесувањето по елиминацијата од третолигашот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Милер е вистиска легенда на Баерн Минхен и еден од капитените во првиот тим, а како играч со огромно искуство, вчера покажа класа и во ситуација кога тимот претрпе еден од најболните порази во поновата историја.

Германскиот првак се посрамоти во раната фаза на Купот и доживеа елиминација од Сарбрикен, тим кој се натпреварува во третата германска фудбалска лига и кој вчера успеа да победи 2:1 со гол во 97-та минута.

Шокантниот пораз донесе неочекуван потрес кај баварскиот великан кој во последно време ја поправи формата, а гостинските навивачи беа бесни на своите фудбалери, освен на оние неколкумина што дојдоа да ги поздрават по мечот.

Томас Милер, Џошуа Кимих, Лерој Сане, Матијс Тел и Буна Сар беа единствените кои заминаа до гостинската трибина да ги поздрават навивачите, а Милер дури водеше и разговор со дел од нервозните фанови.

– Логично е, навивачите секогаш многу повеќе се грижат за резултатот по крајот на натпреварот. Во фудбалот може да загубите на еден меч, но мора и да ја прифатам лутината на фановите. Неприфатливо беше тоа што само четири или пет играчи дојдоа да ги поздрават навивачите.

– Луѓето дојдоа до тука, дојдоа да не бодрат и најмалку што може да направите е да им возвратите на крајот од мечот. Требаше да се покаже само респект, но многумина не го направија тоа. Тоа однесување е неприфатливо и секако дека ќе го промениме ова лице на другите фудбалери во блиска иднина, – најави Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни