Поврзете се со нас

Германија

Милер призна дека Забицер ги изненадил соиграчите со преселбата во Јунајтед

Објавено

на

Foto: twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен му дозволи на Марсел Забицер да се пресели во Манчестер Јунајтед како позајмен играч, а таквиот епилог ги изненадил неговите досегашни соиграчи.

Искусниот Томас Милер признал дека не бил свесен за ваквата варијанта до последен момент.

– Сите во екипата бевме изненадени.

– Ситуацијата се развиваше многу брзо, на крајот среќен сум што Забицер ќе добие шанса да игра во клуб како Манчестер Јунајтед.

– Се работи за голем клуб, но исто така сум убеден дека летоска ќе се врати, бидејќи за него не е завршено поглавјето во Баерн, – истакнал Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни