Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер посочи зошто ја прегазиле Барселона: Ќе ви дадам еден пример…

Објавено

на

Баерн Минхен на патот до шестата европска титула ја прегази Барселона во четвртфиналето со 8-2 во Лисабон.

Овој настап и овој резултат на баварците уште долго ќе се памети и ќе остане во историјата, а токму во истиот проговори Томас Милер. Германецот секогаш е расположен да зборува отворено, конкретно, па така даде еден пример за тоа што била јасна најава за тоа што се случи против Барселона.

-Му честитам на нашиот тренер. Ќе ви дадам еден пример: Се загревавме десет минути кога Барселона истрча на теренот тоа да го прави. Беа многу опуштени. Тоа не мора ништо да значи. Мечот можеше поинаку да заврши, ама се покажа дека нив бевме многу гладни, -истакна Милер.

Офанзивецот даде коментар и за можното заминување на Лионел Меси.

-Меси е еден од најдобрите играчи на планетата, исто така во последните 100 години. Промената може да биде интересна за светот на фудбалот, освен за навивачите на Барселона. Љубопитен сум да видам што ќе донесе неговиот нов пат, -рече Томас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни