Поврзете се со нас

Германија

Милер погоди против Барселона и влезе во одбрано друштво во историјата на ЛШ

Објавено

на

Томас Милер го отвори резултатот на дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона, а со овој погодок си обезбеди место во елитно друштво во Лигата на шампионите.

Технологијата за следење на гол-линијата беше потребна за детекција на голот на Германецот, а знакот на судијата Хацеган го потврди 50. гол во елитното натпреварување за Милер.

Со ова, Милер стана само осми фудбалер во историјата на ЛШ кој постигнал барем 50 погодоци и е прв Германец во ова друштво.

Во продолжение од сезоната, Милер може да ја загрози и позицијата на Ван Нистелрој кој е на шестото место со шест голови повеќе.

1. Кристијано Роналдо 140
2. Лионел Меси 125
3. Роберт Левандовски 82
4. Карим Бензема 76
5. Раул Гонзалес 71
6. Руд ван Нистелрој 56
7. Тјери Анри 50
8. Томас Милер 50

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни