Поврзете се со нас

Германија

Милер откри како изгледаат неговите прсти на нозете и ги шокираше фановите (Фото)

Објавено

на

Додека добар дел од играчите на Баерн се вратија во тренинг центарот и му се приклучија на новиот тренер Јулијан Нагелсман, репрезентативците кои беа дел од Европското првенство имаат продолжен одмор, а еден од нив е и Томас Милер.

Офанзивниот фудбалер пред извесно време нагласи дека ќе биде навистина возбудливо да се работи со млад и амбициозен тренер како Нагелсман, но пред да им се врати на тренинзите, самиот порача дека мора да реши еден проблем со посете на маникир.

Поради сериозните напори и константното носење на копачки, стапалата на фудаберите знаат да бидат во навистина лоша состојба, а Милер сега откри како изгледаат неговите прсти на ногата и ги шокираше своите следбеници.

– Мора да посетам човек за средување нокти…..

Фановите останаа вчудоневидени и некои згрозени од изгледот на стапалата, но не и поранешните професионални фудбалери како Патрис Евра кој му испрати порака меѓу првите.

– Без разлика како изгледаат, ова ни е најубав подарок од фудбалот, – во свој стил му порача Евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни