Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер: Од Меси може да се одбраните само на еден начин

Објавено

на

Томас Милер е еден од ретките играчи на Баерн Минхен во актуелниот тим кои знаат како е да се победи Барселона во Лигата на шампионите, па токму поради тоа, искусниот германски напаѓач е максимално претпазлив пред утрешниот голем меч во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

И покрај најавите на медиумите кои му ја доделија фаворитската улога на Баерн, Милер е свесен дека тој и неговите соиграчи ќе имаат пеколно тешка задача, бидејќи сега станува збор само за еден натпревар и двата тима доста многу ќе тактизираат на почетокот на средбата.

– Очекувам натпревар на два тима кои ја сакаат топката во свој посед. Мора да бидеме брзи, да размислуваме брзо и да добиваме дуели. Верувам дека никој од двата тима нема да ризикува на почетокот, а потоа ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Никогаш не се знае што може да се случи во фудбалот, не може да предвидите ништо. Тие имаат голем квалитет и одлично искуство, имаат освоено многу титули и тоа говори се за нив, – изјави Милер и потоа се осврна на Меси.

– Прво што сакам да кажам е тоа дека Меси е во форма и тој не е играч од кој може да се одбраните со само еден чувар. Од моето искуство со него, Меси може да се сопре на еден начин, само ако се браните добро како тим. Ако го мине првиот, треба да реагира вториот играч, ако не, тука треба да биде третиот.

– Не може да се браните само со еден играч од него, мора да бидеме и агресивни во дуелите. Ќе биде нависитна интересно утре, да видиме како ќе се покажеме на теренот. Добро се браниме во последно време, но не треба да се браниме само од Меси, туку од цела Барселона, – предупреди Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни