Милер објасни зошто Хајнкес е специјален тренер

jup-jakna1

Ѕвездата на Баерн Минхен Томас Милер го нарече тренерот Јуп Хајнкес специјален и вели дека неизвесноста околу неговата иднина нема никакво влијание на играта на лидерот во Бундеслигата.

72-годишниот Хајнкес го замени Карло Анчелоти во октомври по слабиот старт на сезоната и потпиша договор до крајот на сезоната.

– Она што го прави Хајнкес специјален е неговиот интензитет, како зборува со нас и што бара од нас. Тој може да побара нешто од нас, но истовремено се шегува и се смее со нас. Ни дава слобода на теренот, но бара апсолутна дисциплина и апсолутна мотивација од нас. Го прави тоа со импресивен интензитет – откри Милер.

 

 

Facebook Коментари