Поврзете се со нас

Светски првенства

Милер најави крај на репрезентативната кариера: Секогаш сум го оставал срцето на терен…

Објавено

на

Германија оствари пирова победа над Костарика од 4-2 затоа што тоа не беше резултат кој ги води во осминафиналето на Светското првенство.

Германците имаа послаба гол разлика од Шпанија и поради тоа завршуваат како трети во групата што значи дека втор Мундијал во низа се елиминирани уште по групната фаза. Ова е нов болен резултат и дефинитивно е знак дека се потребни посериозни промени за да овој тим биде на реномето на кое го заслужува.

Како што стојат работите Томас Милер нема да биде дел од тој нов состав затоа што најави крај на репрезентативната кариера по овој дебакл во Катар.

-Ова е апсолутна катастрофа за мене. Ако ова беше мојот последен натпревар,  сакам да им се заблагодарам на германските навивачи.  Ова беше огромно задоволство, го правев со љубов. Доживеавме неверојатни моменти заедно. Во секој натпревар се обидував да го оставам срцето на теренот, -порача ѕвездата на Баерн која има 121 настап за националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни