Поврзете се со нас

Германија

Милер: Меси или Роналдо? Јас би го избрал…

Објавено

на

Томас Милер игра во одлична форма во Баерн Минхен под водство на Ханси Флик и е еден од најзаслужните играчи за одличните резултати на „баварците“.

За тоа најдобро говорат 7 голови и дури 18 асистенции во актуелнава кампања во Бундеслигата што е повеќе од јасен доказ за формата на германскиот напаѓач. Токму Милер доби интересно прашање за тоа со кого повеќе би сакал да игра Лионел Меси или Кристијано Роналдо, а тој ги тргна на страна двајцата и го стави на прво место сегашниот соиграч Роберт Левандовски.

-Можеби во минатите години повеќе би сакал да играм со Лео Меси, затоа што во првите шест или седум години од мојата кариера, повеќе бев напаѓач кој прима топки. Добивав топка во шестнаесетникот и се обидував да дадам гол. Во моментов сум во одлична форма, асистирам при многу голови.

-Можеби сега повеќе ми треба Кристијано Роналдо за да дава голови, но ние во Баерн го имаме Роберт ’Леванголски! Мислам дека можеби во моментов тој е подобрата опција од Кристијано. Играв против двајцата (Меси и Роналдо), победував и губев против двајцата.

-Тие се многу, многу добри, тие се специјални, не се нормални добри играчи во светот на фудбалот. Одлични се затоа што секогаш играат на граница. Секогаш, цели 10 години, секоја година постигнуваат по 50 голови. Тоа е лудо.

-На патот до СП, со Германија славевме против двајцата. На патот до финалињата во ЛШ, победувавме против двајцата. На секој фудбалер му треба и тимот и затоа го сакаме фудбалот толку многу, -порача Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни