Поврзете се со нас

АБА лига

Милер-Мекинтајер промаши шут за победа, Звезда го доби првото сезонско дерби против Партизан

Објавено

на

Кошаркарите на Црвена Звезда излегоа како победници од првото сезонско дерби против вечниот ривал Партизан во рамките на АБА лигата.

„Црвено-белите“ се изборија за минимален триумф од 86-85 со тоа што може да се каже дека имаа и среќа за да дојдат до истиот затоа што Партизан преку Милер-Мекинтајер промаши шут за победа. Имено домаќините беа упорни и со тројката на Загорац на 31 секунда до крајот до само минус еден.

Потоа Звезда не го реализираше својот напад преку Рочести, па се отвори шанса за Партизан, се тргна во контра во завршните девет секунди, меѓутоа  Милер-Мекинтајер не успеа да погоди и донесе радост.

На крајот кај Црвена Звезда за која ова беше осми трумф во осмиот меч во регионалното натпреварување, најефикасен беше Лојд со 18 поени, додека два помалку уфрли плејмејкерот Волден.

Кај поразените се истакна Томас со 19 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни