Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер издвои еден играч на Баерн по пласманот во четвртфиналето на ЛШ: Тој е незадржлив (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен беше под голем притисок пред реваншот со Лацио во Лигата на шампионите, меч кој беше „да се биде или не“ за екипата со оглед на актуелнава сезона и неуспесите во домашните натпреварување.

Меѓутоа бундеслигашот одговори на притисокот, се избори за триумф од 3-0 кој беше доволен за конечно славје во двомечот од 3-1 и билет за четвртфиналето во кое засега официјално е пласиран само уште составот на Пари Сен Жермен.

Домаќините дадоа голови во вистинско време, два од нив беа дело на Хари Кејн, а еден на Томас Милер. Токму Милер ги искористи социјалните мрежи и му даде посебно признание на англискиот напаѓач.

-Кејн е незадржлив, -порача легендата на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни