Поврзете се со нас

Германија

Милер има јасен став дали ќе игра за Германија под водство на Флик

Објавено

на

Томас Милер беше еден од поискусните фудбалери во германскиот состав на последното Европско првенство, а веќе поранешниот селектор, Јоаким Лев, го повика по големиот притисок од јавноста која негодуваше што не беше дел од националниот тим.

Слабиот резултат на Германија донесе коментари дека најискусните треба да се повлечат, селекторот Ханси Флик допрва ќе ја соопшти својата одлука, а Милер вели дека не би одбил понуда.

– Јас веќе дадов знак дека сум подготвен да продолжам со настапите.

– Ако Флик сака да ме повика, ќе бидам подготвен, а за другото ќе решаваме во иднина.

– Изминатиов период разговаравме телефонски со Флик бидејќи сме пријатели, но тогаш не зборувавме за репрезентацијата, – изјавил Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни