Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милер го најави двомечот со Арсенал: Хаверц пријателу, те очекувам (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен денеска го доби Арсенал за противник во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а првиот натпревар ќе го игра во Лондон.

Овој двомеч е најава за возбудлива пресметка и соочување на Хари Кејн со довчерашните лути ривали од „Емирејтс“, а Баерн ќе биде хендикепиран поради фактот што нема да има свои фанови во Англија поради претходно заработената казна од УЕФА.

Ветеранот Томас Милер денеска прв ја коментираше ждрепката и испрати поздрав до сонародникот Каи Хаверц.

– Значи Арсенал. Каи Хаверц пријателу, те чекам.

– Ова е интересна ждрепка, две силни екипи, два одлични стадиони и градови. Ќе биде тешко, но јас секогаш сум позитивен. Се гледаме „топчии“, – порача Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни