Поврзете се со нас

Германија

Милер брилјираше и го одбележа официјалното деби на Компани како тренер на Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Венсан Компани по добро ќе го памети дебито на првиот официјален меч како тренер на Баерн Минхен, бидејќи баваркиот великан фудбалски се прошета на денешното гостување во Улм.

Натпреварот од воведната фаза во германскиот Куп беше едносмерен и целосно под контрола од фаворитот, пред се поради сериозениот пристап на Компани, но и расположението кај одредени играчи.

Белгиецот излезе со силен и респектабилен тим и уште во раната фаза Баерн стигна до преднот од два гола, а стрелец на истите беше легендарниот Томас Милер.

Искусниот напаѓач беше најрасположен за игра и изгледаше најмотивирано на теренот, а тоа го потврди и во второто полувреме.

Во овој дел видовме уште два гола во мрежата на Улм, првиот од Коман по асистенција на летното засилување Олисе, додека вториот во самата завршница го постигна Кејн по центаршут на Милер за конечни 0:4.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни