Поврзете се со нас

Одбојка

Миленкоски промовиран како нов предводник на одбојкарите: Се вратив за да го…

Објавено

на

Одбојкарската федерација на Македонија пред неколку денови ја информираше јавноста дека Јошко Миленкоски е избран за нов селектор на нашата најквалитетна машка репрезентација.

Најдобриот македонски стратег реши да го прифати предизвикот и по 15 години одново ќе го води националниот тим со кого се надева дека ќе го продолжи трендот на добри резултати на големата сцена.

-Долго време разговарав со челниците на нашата федерација за да се вратам на селекторската позиција, но сега дојде вистинско време за тоа. Имав многу ангажмани надвор, и не можев да се нафатам да го водам националниот тим, Сега доаѓам да го продолжиме добриот тренд со настапите на европските натпреварувања.

-За резултатите и очекувањата ќе зборуваме кога ќе завршиме со дел од подготовките. Од утре почнуваме со работа во Маврово, и тоа со 20 одбојкари. Ќе бидеме таму седум дена, планирам да имаме три микро-циклуси во кои ќе одработиме триесетина тренинзи, кои мислам дека ќе бидат доволни.

-Настапот во Златната лига ќе ни биде  генерална подготовка за главниот настан за Европското првенство во Скопје. Договорот со ОФМ е за овој циклус, по ЕП ќе седнеме и ќе видиме што понатаму, -истакна Јошко на денешната промоција.

Само да потсетиме Македонија е еден од ко-домаќините на 34. Европско првенство. Ние сме во групата Ц каде за ривали ќе ги имаме Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни