Поврзете се со нас

Свет

Миленик на фановите на Хартс почина неколку денови пред да наполни 37 години

Објавено

на

Литванскиот фудбалер Мариуш Жалиукас починал на 36-годишна возраст, потврдија денеска неговата сопруга и Литванската фудбалска федерација.

Дефанзивецот беше миленик на фановите на Хартс, шкотскиот премиерлигаш во кој настапуваше меѓу 2007 и 2013 година и за кој одигра 150 натпревари, а денеска и тие се шокирани од фактот што Жалиукас ја загубил битката со болеста која не е објавена.

По одличните настапи за Хартс, Жалиукас настапуваше и за Лидс Јунајтед и Глазгов Ренџерс, а кариерата ја заврши пред четири години како член на Жалгирис во својата татковина.

Меѓу 2006 и 2016 година, тој настапуваше и за националниот тим на Литванија, а федерацијата денеска ја соопшти информацијата, испраќајќи сочувство до неговото семејство.

Жалиукас почина 11 денови пред да наполни 37 години, а медиумите од Литванија истакнуваат дека неговиот најголем успех го оствари во дресот на Хартс, екипата со која го освои шкотскиот куп во 2012 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни