Поврзете се со нас

Евролига

Милано со чудесна серија од 19-0 го урна Монако, Барселона поразена во шпанското дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Олимпија Милано со чудесен пресврт славеа над Монако со 79-71 на вечерашната средба од 15.коло во Евролигата.

Гостите со двоцифрена предност влегоа во последниот период во кој италијанскиот претставник успеа на неверојатен начин да се врати, комплетно го сврти резултатот и тоа со серија од 19-0. Милано губеше со 58-70 по што од тука тргна шоуто, низата на кошеви со кои дојде до кам-бек и водство 77-70 по што стана јасно кој ќе слави на овој натпревар.

Берон со 23 поени беше вистински лидер, најголема поддршка му беше Дејвис со 14 кошеви. Најсветла точка кај Монако беше Џејмс со 23 кошеви.

Валенсија пак славеше над Барселона со 84-83 во шпанската пресметка во ова натпреварување. За „лилјаците“ ова беше седми триумф во кој листата на стрелци ја предводеше Риверо со 16 поени.

Најефикасен на паркетот беше гостинскиот плејмејкер Лапровитола со 28 поени, 4 скока и 7 асистенции.

На другите дуели Анадолу Ефес беше подобар од Панатинаикос со 88-69, а Жалгирис го доби Баерн Минхен со 75-67.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни