Евролига
Милано на Димитријевиќ го освои Лион, Кенан херој на Звезда во новата победа во Шпанија (ВИДЕО)
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2025/01/mirotic-trojka-vs-asvel.jpg)
Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ дојде до десеттото сезонско славје во Евролигата и тоа на гостувањето во Лион кај Асвел каде триумфираше со резултат 75:66.
„Манекените“ беа подобри во втората и четвртата четвртина што се покажа како доволно за да се слави на ова соочување во кое најмногу се истакнаа Миротиќ и Ледеј, првиот уфрли 18, вториот 17 поени.
Димитријевиќ за 10 минути на теренот реализираше 3 поени со 1 скок. Де Коло и Маледон за поразените искомбинираа 40 кошеви.
Ајзеа Кенан пак беше херојот на Црвена Звезда во славјето над Басконија од 75:73. Кенан ги даде завршните четири поени за клубот од Белград од кои последните два на три секунди до крајот за голем триумф, втор во низа во Шпанија со оглед на тоа што во претходната рунда беше добиена Барселона во „Палау Блауграна“.
Кенан со 15 и Боломбој со 16 кошеви беше најефикасни, Монеке за домаќинот реализираше 18 кошеви со 7 скока.
И на другите две средби гостите беа подобри Монако над Алба Берлин и Олимпијакос против Жалгирис.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)