Евролига
Милано му ја прекина серијата на Реал Мадрид во Евролигата

Италијански Милано успеа да го изненади Реал Мадрид на гостувањето во Евролигата (86:90) и на тој начин ја прекина долгата серија без пораз на шпанскиот клуб во најелитното европско натпреварување.
Во завршницата клучен играч за Милано беше поранешниот член на Реал, Серхио Родригез, кој со мини серија ги обезбеди бодовите за својата екипа, која стигна до десеттата победа.
Родригез со 17 и Дилејни со 14 поени биле најефикасни кај победникот, додека во домашниот тим најдобар реализатор бил Керол со 20 поени.
Анадолу Ефес по ова коло ќе има девет победи и исто толку порази, а го победи Лион-Вилербан на гостински терен со убедливи 80:102.
Мициќ одиграл уште еден одличен натпревар, постигнувајќи 23 поени, додека реализаторски го следеле Ларкин и Синглтон со по 16 поени.
Претходно, Олимпијакос го победи Баерн Минхен со 84:82, а Жалгирис беше преубедлив против Химки (102:75).

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 20 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 22 часа
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 19 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Репрезентацијапред 23 часа
Антиќ: Не размислувам за оставка, не играме ние на теренот!
- Македонијапред 13 часа
Каков натпревар и неверојатни 37-0: Левески и Шкупи испишаа нова страница во историјата на македонскиот футсал