Милано и Кортина ја добија организацијата на ЗОИ 2026

Italija-zoi

Интернационалниот олимписки комитет денеска го одреди домаќинот за Зимската олимпијада во 2026 година, а таа чест и обврска ја добија Милано и Кортина Д’Ампецо.

Италијанците придобија најмногу гласови од членовите на гласачкото тело на ИОК, победувајќи ја кандидатурата на Стокхолм (Шведска).

Хокеарскиот турнир и натпреварите во брзо лизгање ќе се одржуваат во Милано, алпските дисциплини ќе бидат одржани во познатиот зимски центар Кортина Д’Ампецо, а домаќини на дел од натпреварите ќе бидат Бормио и Ливињо. Пред гласањето, четири кандидати се повлекоа, а италијанската кандидатура освоила 47 од вкупно 82 гласови.

Зимските олимписки игри ќе се одржат меѓу 6 и 22 февруари, додека Параолимпијадата ќе биде на програмата меѓу 6 и 15 март. Кортина претходно беше организатор на ЗОИ во 1956 година, додека последен италијански домаќин беше Торино во 2006 година.

Facebook Коментари