Македонија
Милано: Ќе напредуваме на секое поле, заедно ќе успееме во исполнување на поставените задачи
Аргентинскиот стратег Гиљермо Милано го започна мандатот како предводник на двократниот европски шампион Вардар.
Милано на крајот на минатиот месец беше назначен за нов тренер на „црвено-црните“, но беше познато дека нема веднаш да ја преземе екипата, односно ќе помине некое време за да изминативе денови пристигне во Скопје и се фати за работа.
Тој имаше можност да се запознае со тимот, да одработи неколку тренинзи и е оптимист дека ќе можат да се остварат посакуваните цели и резултати.
-Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав и првите тренизни со екипата. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток.
-Првите впечатоци се одлични, и очекувам, и знам дека ќе напредуваме на секое поле. Не очекува период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи, -порача Милано за официјалниот сајт на клубот.
Дебито како стратег на македонскиот прволигаш ќе го има во сабота на мечот против Струга во Суперлигата.
-
Свет20 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ му продаде маалска финта, Кари се „изгуби“ на теренот (Видео)
-
Македонија22 часа
Легендарната Кастратовиќ ќе биде втор македонски член во „Куќата на славните“ (Фото)
-
Шпанија21 час
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Шпанија21 час
Симпатично видео од Шпанија: Двајца млади фанови на Осасуна водеа битка за еден дрес и станаа вирален хит
-
Италија23 часа
Одговорниот човек за лекарскиот тим на „Артемио Франки“ откри како му бил спасен животот на Бове
-
Англија14 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони12 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола