Поврзете се со нас

Евролига

Милано го освои третото место на завршниот турнир во Евролигата

Објавено

на

Кошаркарите на Олимпија Милано ја добија битката со ЦСКА Москва (83-73) и го освоија третото место во Евролигата.

Италијанскиот претставник се покажа како помотивиран, подобар во овој меч кој немаше посебно значење и успеаа дојде до славје со што победнички ја заокружи оваа кампања во елитното натпреварување. Како клучна се покажа втората четвртина која популарните „манекени“ ја реализираа со 20-11 по што го преземаа водствово, контролата на резултатот.

Пет играчи постигнаа по најмалку 11 поени, најефикасни беа Мицов и Родригез со по 14 кошеви.

Кај поразените Шенгелија беше автор на 18 поени, 9 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки.

Сезоната во Евролигата ќе биде затворена со финалето меѓу Барселона и Анадолу Ефес закажано за 20:30 часот во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни