Поврзете се со нас

Италија

Милан „загризал“ за офанзивен фудбалер на Вилјареал

Објавено

на

foto: twitter.com/acmilan

Милан го започнува преодниот рок со промена во однос на одговорните за трансфери, па навивачите со нетрпение ги очекуваат првите потези на раководната структура во која веќе не е тандемот Малдини-Масара.

Угледниот новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека „росонерите“ сериозно се заинтересирани за Самуел Чуквуезе од Вилјареал, фудбалер кој би можал да биде големо освежување во нападот на италијанскиот тим.

Чуквуезе одамна е следен од Милан, веќе се направени и првите контакти со неговиот агент, па останува да се види дали двата клуба ќе можат да постигнат договор околу трансфер сумата.

Нигериецот во последната сезона собра 37 настапи, при што постигна  6 гола и реализираше 5 асистенции.

Вилјареал е прв европски клуб за кој настапува крилниот напаѓач роден во Нигерија, а Милан е сериозен во намерата да инвестира и поголема сума со оглед на возраста на фудбалерот роден 1999 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни